„Македонски“ Бундес дуел: Манасков подобар од Јоновски

„Македонскиот“ дуел во Бундес лигата, меѓу Рајн Некар на Дејан Манасков и Бергишер на Ацо Јоновски, мина во знакот на актуелниот германски шампион, кој славеше на незгодното гостување со 26:24, во натпревар од 11 коло.

Манасков не доби шанса на овој дуел, а неговиот партнер од позицијата лево крило, Гудјон Валур Сигурдсон беше најдобар поединец на теренот со 7 голови. Ацо Јоновски играше добро во одбраната на домашниот тим, и заработи жолт картон, но Бергишер не успеа да приреди изненадување.