Македонските судии талични за ПСЖ: Четвртфиналето ќе се игра во Париз!

Ждрепката сакаше француски осминафинален дуел помеѓу богатиот ПСЖ составен од многу ѕвезди и квалитени ракометни имиња, и францускиот шампион Данкерк. Во првиот натпревар ПСЖ на гостински терен победи со 21-23, но во ракометот многупати се покажало дека речиси ниту една разлика не е доволна за севкупен триумф.

После првичното тактизирање и испитување на ракометните сили долу на теренот, ПСЖ поведе со +2, за 8-6 и 9-7. Но богатиот состав од градот на светлината не можеше да се оддалечи на поголема разлика, ракометарите на Данкерк држеа некаква неизвесност на овој осминафинален ракометен спектакл. Во 18-та минута од првиот дел дури и израмнија на 10-10. Високите играчи на ПСЖ играа длабока 6-0 зона, но сепак гостите со висок процент на ефикасност од 58 % го држеа резултатот отворен додека во одбрана одиграа формациски 6-0, на моменти и со излегување на противничките бекови, пред се на Хансен. Во 23-та минута на семафорот беше запишано водство за гостинскиот тим на Данкерк од 11-12, во 26-та минута со играч повеќе беше +2 за гостите (12-14). Предност од 1-2 голови ја одржуваа до пред паузата, кога домашниот состав со мини серија стигна до 15-15 на полувремето.

Во вториот дел продолжи надмудрувањето, полната сала ракомени вљубеници, присуствуваше на ракометни мајстори и квалитетна ракомета игра во целина. Тоа што го окарактеризира вториот дел од овој ракометен реванш, беше малиот број на примени голови(полувремето заврши со резултат 8-7 за ПСЖ), така тимот од Париз го обезбеди преминот во следната 1/4 рунда благодарение на цврстата одбрана надополнета со сигурниот Омејер во вториот дел.

По шеесет минути игра натпреварот заврши во корист на домаќините, 23-22 за втор пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите по ред. ПСЖ својот противник ќе го чека од вториот барабан каде се уште Пик Сегед, Вардар и ППД Загреб.

Возвратниот дуел од францускиот двомеч во осмина финалето на Лигата на шампиони го судеше македонската судиска двојка Николов и Начевски.