Македонските ракометари се мобилизираа за мисијата „РИО“

Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот собир во рамките на подготовките за мисијата РИО 2016. Избраниците на Ивица Обрван вчера во 19:00 часот се собраа во хотел Русија од каде започнува една од најважните мисии на македонскиот национален тим. За да обезбеди пласман меѓу најдобрите репрезентации Македонија треба да се пласира на едно од првите две места на турнирот во Гданск каде за противници ги има Тунис, Чиле и домаќинот Полска.

Со нов директор, и нови членови во стручниот штаб Македонија ќе се обиде да ја заборави епизодата од Краков и конечно да блесне кога е најпотребно.

DSC_0831

На првиот собир не беа присутни репрезентативците од Вардар и Велко Марковски кои се на Фајнл-фор турнирот во Вараждин, како и Никола Митревски, Влатко Митков и Филип Миркуловски кои се очекува да се приклучат во репрезентацијата најдоцна до понеделник.

Подготовките започнуваат утре (2.04.2016, сабота), а репрезентивците ќе имаат по два тренинга дневно во СЦ “Јане Сандански”.