Македонските претставници во ЕХФ и Челинџ куповите ги добија своите противници

Денес Европската Ракометна Федерација ги одреди двојките кои ќе се натпреваруваат во почетните рунди од ЕХФ купот и Челинџ Купот. Македонија во второто по квалитет европско натпреварување за свој претставник го има вицепрвакот Зомимак-М, додека четвртопласираната екипа од македонската Супер лига, Пролет 62 ќе се натпреварува во Челинџ Купот.
Струмичката екипа ќе го прескокне првото коло од ЕХФ купот, а во второто коло на 10 или 11 октомври ќе гостува кај подобриот тим од дуелот меѓу италијански Бозен и исландскиот состав Хаукар, реваншот во Струмица е закажан една седмица подоцна. Звонко Шундоски отвора нова европска страна со екипата на ЦСМ Букурешт и по успешните настапи во ЕХФ Купот со екипата на Констанца, преку првата пречка-Брегенц ќе се обиде да го повтори најголемиот клупски успех во својата тренерска кариера- пласман на Фајнл Фор турнирот.

Пролет ќе ја започне евросезоната од третото коло во Челинџ Купот. Противник на екипата на Иле Темелковски ќе биде белгискиот претставник Саша, првиот натпревар пред скопската публика, екипата од Пролет ќе го одигра на 21 или 22 ноември, додека возвратниот дуел е закажан една недела подоцна. Покрај македонската екипа, тројца македонски интернационалци во редовите на романската екипа Одорхеи ќе ја започнат одбраната на титулата во Челинџ Купот. Мајнов, Кузмановски и Ојлески ќе ја отворат евросезоната против подобриот од натпреварите меѓу Руислип Игалс, АБЦ и Уминхо.


СИТЕ ДВОЈКИ ОД ЕХФ КУПОТ СЕ ДАДЕНИ ПОДОЛУ:
1.КОЛО

Динамо Букурешт (ROU) vs Енергија Таргу Јиу (ROU)
Хубо Инитиа Хаселт (BEL) vs Реинбоу Кајсери СК (TUR)
РК Пореч (CRO) vs Макаби Ришон Лезион (ISR)
РК Фрегата-Бургас (BUL) vs КХ БЕСА Фамилија (KOS)
ГРК Вараждин 1930 (CRO) vs A.С.Д. Ромања Хандбал (ITA)
ПГУ-Катрина ТВ Тираспол (MDA) vs Горник Забрзе (POL)
Полва Сервити (EST) vs Клаипеда Драгунас (LTU)
ХФ Устад (SWE) vs Хендбал Керјенг (LUX)
ХБ Дуделанж (LUX) vs Хаслум Хендбалклуб (NOR)
ХВ. КРАС/Волендам (NED) vs РК Ловќен (MNE)
ТСВ Ст. Отмар Ст. Гален (SUI) vs Рихимаки Кокс (FIN)
ССВ Бозен Лоакер (ITA) vs Хаукар (ISL)

2.КОЛО

A.Ц. Диомидис Аргус (GRE) vs Победник од дуел Динамо Букурешт/Тарги Јиу
Чургуи КК (HUN) vs Погон Шчесин (POL)
ОИФ Арендал (NOR) vs Победник од дуел Бургас/БЕСА
Талент М.А.Т. Плзен (CZE) vs Победник од дуел Пореч/Макаби
Фади Винтертур (SUI) vs Победник од дуел Полва/Клеипеда
Победник од дуел Хубо/Реинбоу vs РК Спартак Војпут (SRB)
Пермски медведи (RUS) vs Победник од дуел Устад/Керјенг
ЦСМ Букурешт (ROU) vs Брегенц Хендбал (AUT)
Победник од дуел Ст.Гален/Рихимаки vs ХК Алингсас (SWE)
РK Нексе (CRO) vs Победник од дуел Вараждин/Ромања
Победник од дуел Бозен/Хаукар vs РК Зомимак-М (MKD)
Тим Твис Холстебро (DEN) vs Спортинг ЦП (POR)
Победник од дуел Тираспол/Забрзе vs ЗТР Запорожје (UKR)
Победник од дуел Дуделанж/Хаслум vs 4-то рангиран тим од квалификациска група за ЛШ(Елверум,Хард,Бања Лука или ОЦИ-Лионс)
Победник од дуел Волендам/Ловчен vs СКА Минск (BLR)
Шамбери Савој Хандбал (FRA) vs РК Спарта Хлоховец (SVK)


ДВОЈКИ ЗА ТРЕТО КОЛО ЧЕЛИНЏ КУП:
Победникот од дуелот КХ Кастриоти(КОС)/РК Раднички Крагуевац(СРБ) vs. РК Добруџа (БУГ)
Победникот од дуелот Хапоел Рамат Ган/ИБВ Вестманејар vs. С.Л. Бенфика (ПОР)
Победникот од дуелот Самтредија/КХ Косова vs. Б.Б. Анкара Спор
РК Металопластика Шабац (СРБ) vs. Победник од дуелот ХК “Локомотив” Варна/ РК Висе БМ
РК Пролет 62 (МКД) vs. РК КВ Саша (БЕЛ)
РК Дукла Прага(ЧЕШ) vs. А.С.С. Спес (КИП)
Хандбал Еш (ЛУК) vs. РК Олимпус-85-УСЕФС (МОЛ)
Победник од дуелот AO Посејдон Лутраки/РК Вилјанди vs. Паламано Пресано (ИТА)
ФИКАС Алсмер (ХОЛ) vs. РК Рамат Хашрон „Витаниа“ (ИЗР)
A.E.K. Атина (ГРЦ) vs. Победник од дуелот СКИФ Краснодар/А.Ц. Филипос Вериас
Победник од дуелот ЈМС Хури-Ап/ РК Беркем vs. ФлингенБерген (НОР)
Победник од дуелот МСК Повашка Бистрица/РК Вогоша Полјине Хилс vs. Ст. Петерсбург (РУС)
Вакер Тун (ШВА) vs. Победник од дуелот РК Лидс Хорнетс 2011/ Бурса Нилуфер
Лондон Хендбалл Клуб (БРИ) vs. РК Кехра (ЕСТ)
Ракометен клуб Одорхеи (РОМ) vs. Победник од дуелот Руислип Игалс/АБЦ/Уминхо
КХ Приштина (КОС) vs.Ракометен клуб Челик (БИХ)