Македонските квалификации за СП до 21 година, Бразил 2015

Успешен или неуспешен настап за младинската селекција на Македонија, епитет кој треба да го дадат раководните лица во Федерацијата, фактот останува дека младата македонска репрезентација нема да ја бодриме во Бразил.

Овие квалификации, иако со промена на селекторската позиција, која ја превзема Влатко Неделковски, за жал не донесоа позитивен исход за младата репрезентација која треба во иднина да ја наследи четата предводена од Лазаров, Ристовски, Мојсовски, Миркуловски, Димовски…

Во полскиот град Островиец, три натпревари и три порази(негативен биланс-26, односно 62 дадени и дури 88 примени голови). Генерацијата окарактеризирана како талентирана, а предводена од Филип Талески и Мартин Манасков, но во одсуство на Марко Нелоски, не го покажа својот раскошен потенцијал. До посветли денови, овој состав го чека многу работа, многу повеќе од досега како и соодветна анализа зошто се потфрли целосно во овие квалификации.
Да потсетиме, со променлива игра Македонија се враќа дома со пораз од Франција 31-25, пораз од Чешка 22-33, како и пораз од домаќинот Полска 24-15. Најефикасни на овој турнир беа: Филип Талески со 9, Мартин Велковски со 8 голови, Мартин Манасков со 12 и Стефан Дрогришки со 9 голови зад своето име.
Во првите два натпревари, нашите надежи имаа сила само за едно рамноправно прво полувреме, по кое следеше голем пад (кој резултираше со подолг период без постигнат гол) во играта и против Чесите и против Полјаците. Во дуелот со Франција кој не одлучуваше ништо на табелата, слабото прво полувреме (-7 негатива, 17-10) беше надополнето со солидно издание во последните 30 минути на овој турнир, кои нашите надежи ги добија со 15-14 против силната Франција.

Нападот на овој квалификациски турнир целосно потфрли (62 дадени), ако се знае дека зад нас со помалку дадени голови се само: Велика Британија и Холандија(од групите со 4 селекции), тоа доволно говори какви решенија се понудиле во нападот на сите три утакмици. Додека одбраната со 88 примени голови е во просекот на примени голови на овие квалификации од сите групи.