Македонските кадети повторно со наведнати глави

 Дали Македонија нема доволно талентирани ракометари или раководните лица не се способни соодветно да ги мотивираат младите ракометари и тактички да ги надмудрат своите колеги?  Тоа е прашањето кое постојано се повторува уште по стартните три порази во групата Б. Македонската кадетска авантура полека се ближи кон својот крај, крај кој би требало да значи нов почеток, нов концепт, нова замисла и реализација.

Македонија таленти има, неспорно една од најквалитетнитете генерации во поновата историја, предводени од идните суперѕвезди Талески и Неловски, обезбедени беа сите услови за добри подготовки, но каде работите тргнаа погрешно? Дали ќе се започне од подготовките и темпирање на формата или од селекцијата и скаутингот, дали стратегот не беше доволно искусен и дораснат да се справи со пубертетските години на младите спортисти или технички поткован да може со совет или два да влијае на текот на натпреварите. Го започнавме првенството со извонредни 30 минути против Русија, но среќата е фактор кој ги следи храбрите!

На низата порази се надоврза и Чешка, која го избегна последното место на овој шампионат совладувајќи ја Македонија со 27-21 (13-11). Фактот што Неловски не беше во можност да настапи на овој натпревар наместо да ги мотивира неговите соиграчи имаше спротивен ефект, а празнината на левата страна не можеше да биде надополнета, од друга страна противникот многу бргу ја прочита и искористи новонастанатата ситуација.

Последни или предпоследни македонските кадети имаа неуспешно Европско првенство како поука или лекција која не треба да се повтори.

Статистика-Македонија: Кижиќ, Блажевски, Даниловски – Бошковски 1, Гроздановски 1, Неловски, Поповски, Oнчев 3, Ставридис 1, Маркудов 1, Талески 7, Давитковски 1, Крстановски, Крстевски 2, Палевски 4.