Македонскиот шампион ги започна подготовките за престојната сезона! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Како што објавивме претходно македонскиот ракометен шампион ги стартуваше подотовките за сезоната 2015/2016. За прв пат со логото на Вардар се појавија и петте нови засилувања со чија помош овој состав на Вардар ќе атакува на едно од четирите места кои водат на Фајнл-Фор турнирот во Келн.
По почетниот собир во СЦ”Јане Сандански”, Вардарци се упатија на фудбалскиот терен кој се наоѓа наспроти арената каде одржаа краток кондиционен тренинг со кој го означија почетокот на подготовките. Попладне од 18:00 часот “црвено-црните” продолжуваат со својата редовна тренинг програма во СЦ”Јане Сандански”, а во Скопје ќе се задржат кратко пред традиционално да заминат на подготовки во Словенија. По Словенија следува настап на “Кањижа“ купот во Србија, а подготовките ќе ги завршат настапувајќи на турнирот кој е во нивна организација, а ќе се одржи од 24 до 27 август во СЦ “Јане Сандански”.
Од 28-ми август започнува сезоната во СЕХА регионалната лига.

[Best_Wordpress_Gallery id=”133″ gal_title=”Vardar 2015/2016″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ