„Македонскиот“ дуел во Романија за Доброгеа и Ангеловски

Тимот на Доброгеа Суд Констанца, каде игра Бранко Ангеловски, славеше на домашен терен во мини дербито на романскиот шампионат со 31:30 над Одорхеи, каде играат Милорад Кукоски, Гоце Ојлески и Горан Кузмановски.

Ангеловски даде 4 голови од 5 за победничкиот тим, додека исто остварување во поразениот тим имаше Горан Кузмановски. Гоце Ојлеси не го погоди единствениот обид, а Кукоски стандардно си ја заврши работата во одбраната.

Добродеа следниот меч го игра на гости кај Дунареа Калараши, додека Одорхеи ја пречекува Турда.