Македонска ТВ куќа ќе го пренесува дуелот меѓу Шведска и Македонија

Првиот квалификациски натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година во Франција, Македонија го игра вечерва. Сениорките гостуваат на дуел во Шведска, кој ќе се одигра вечерва во Лунд, гледачите во нашата држава ќе можат да го следат на една од националните телевизии. По МТВ, Телма и Алфа, репрезентативен женски ракомет ќе има и на Канал 5.

Домаќинот е апсолутен фаворит на овој натпревар, а избраничките на Симе Симовски ќе се обидат да остават подобар впечаток во споредба со јунскиот бараж. Натпреварот се игра во Лунд, со почеток во 18:30 часот.