Македонска супер лига:Металург 2 го изненади Охрид во Автокоманда

Во осмото коло од македонската супер лига во машка конкуренција победа остварија  РК Пелистер, Зомимак, РК Прилеп, Металург 2 и РК Преспа

Битолски Пелистер на гостувањето во Скопје против Работнички ја забележа својата трета победа во новата сезона со 25:29 во корист за битолчани. Свој деби настап во дресот на РК Пелистер имаше црногорецот Богдан Николиќ кој се покажа во одлично светло.

Ракометарите на Металург 2 во “Автокоманда” одиграа одличен натпревар против амбициозниот тим на  Охрид. Младите ракометарки на Металург забележаа победа со три разлика 25:22 ( 11:12). Одлично издание на теренот прикажаа Борјан Маџовски и Никола Костески кои беа незапирливи на натпреварот.

Дербито помеѓу РК Прилеп  – РК Тинекс Пролеп им припадна на домашните ракометари. Ракометарите на Прилеп беа подобри од Тинекс Пролет со 24:22 ( 10:9). Со победата против Тинекс Пролет екипата на Прилеп се зацврсти на третата позиција на табелата. Најефикасен на натпреварот беше Бозаровски со 12 погодоци, кај Тинекс Пролет се истакна Ролевски со 6 погодоци.

Останати резултати од 8.коло

РК Преспа – Текстилец 46:14

РК Зомимак – РК Радовиш 32:25