Македонската фаланга подготвена за церемонијата на свеченото отворање на СП во Катар(ФОТО)

Македонската фаланга како и многупати досега покажа дека не постои место на светот каде нема да ја бодри македонската ракометна репрезентација. На секое од големите европски и светски натпреварувавања македонските навивачи се едни од оние кои преизвикуваат најголемо внимание низ ракометните арени. Така се очекува да биде и во Катар, каде македонската ракометна репрезентација ќе ја добие потребната подршка за остварување на уште еден голем ракометен успех на големите натпреварувања. Македонските навивачи веќе се наоѓаат во арената во Катар каде ќе ја проследат церемонијата на Свеченото отворање на Светското првенство.

mak falanga