Македонската колонија во Германија се зголеми за уште еден ракометар

По трансферите на левото крило Игор Илиевски во Аполда и на десниот бек Никола Мирков и пикерот Игор Михали во ХВХ Каменц, и заминувањето на левиот бек Бојан Белевски, исто така во Германија, во дресот на Шпандау, се реализира уште еден трансфер на Македонец во оваа држава.

Станува збор за досегашното десно крило во тимот на Радовиш, Илија Глигоров, кој ќе игра за тимот на ТВ Бретен, каде веќе настапува поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Стојчевски.

Покрај Миркуловски, Талески, Нелоски и Јоновски, па Илиевски, Тоскоски, Митевски, Мирков, Михали, Гинов, Белевски и Стојчевски, Глигоров ќе биде 13-тиот македонски интернационалец што ќе игра во Германија.