„Македонската“ Аполда со две победи и еден пораз во Германија

Тимот на Аполда, каде играат тројца македонски интернационалци, забележа две победи во три одиграни натпревари во регионалната лига во Германија. На голманот Игор Тоскоски и десното крило Васил Митевски, од сезонава им се приклучи и левото крило Игор Илиевски, па Македонците се доминантни во оваа екипа.

Во првото коло беше забележана гостинска победа над Глошау со 22:25, додека во второто Аполда на домашен терен беше поуспешна од Елбфлоренц со 28:25. Во последниот дуел, кој Аполда го загуби од Ашерзлебен со 30:25, Митевски беше втор стрелец со 5 голови, додека Илиевски даде 1 погодок, а солиден настап имаше и голманот Тоскоски, но сепак тоа не беше материјализирано на теренот.