Македонките ќе владеат со Турција: Симона Гроздановска потпиша за Беледије

Десното крило, односно бек, Симона Гроздановска потпиша едногодишен договор со турската екипа Беледије. Таа има 29 години и е поранешна македонска репрезентативка. Најчесто игра на позицијата десно крило, иако во поголемиот дел од екипите низ Македонија во кои играше беше користена и на позицијата десен бек.

Четири сезони Гроздановска играше за Металург и има настапи во европските купови со тимот од Автокоманда, додека претходно беше дел од екипите на Кале Кичево, Тутунски Комбинат Бренд, како и тимот на Амбалажа Кабран. Интернационалната кариера ја започна во Грција, во дресот на ПАОК, а во Турција, ги носеше дресовите на Муратпаша и Кастамону.

Во турскиот шампионат следната сезона ќе играат повеќе македонски интернационалки, Ленче Илкова, Маја Трпковска, Душица Ѓорѓиевска, Моника Јанеска…Во машката лига ќе играат Петар Ангелов, Никола Костески, Виктор Гигов, Немања Прибак…