Македонките главни: Ливриниќ и Јовановска го предводеа Данубиус до победа

Македонските интернационалци Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска го предводеа нивниот тим Данубиус до нова победа во романскиот шампионат, откако тимот од Галаци славеше над Глорија Бистрица со 26:24, во натпревар од 11 коло.

Ливриниќ биеше без грешка и погоди 7 пати во гостинскиот гол, додека Јовановска имаше 3 голови на овој дуел. Данубиус следниот натпревар ќе го има на стартот на јануари, а двете македонски интернационалки доаѓаат во Скопје за да бидат дел од подготовките на националниот тим.