Македонка пред светската ѕвезда: Марија Штериова подобра од Кристина Неагу!

Подзаборавената македонска интернационалка Марија Штериова е во конкуренција за МВП на 5 коло во романскиот шампионат. Таа беше најдобар играч во нејзината екипа Дунареа Браила во победата над Рапид Букурешт и даде 7 голови од 9 обиди. Во изборот за најкорисен играч таа има  романски конкурентки, меѓу кои и најпознатото име од ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу.

Штериова засега е прва на листата, а најголема конкурентка и е Марија Гаврила од Валчеа. Засега е сигурно дека Кристина Неагу нема шанси да ги стигне, иако има уште скоро цел ден гласање, но разликата е премногу голема. Можете да гласате за Штериова ТУКА, а гласањето е отворено до утревечер до 23:59.