Македонија ќе игра во Виена

Репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за првата фаза на Европското првенство во 2020 година.

Македонија ќе игра во Групата Б во Виена каде што за противници ги доби составите на Австрија, која како домаќин директно беше во оваа група и Чешка како носител.

Последниот тим во групата е составот на Украина, кој доаѓа тука од шеширот 4 со што се комплетира Групата Б во која Македонија барем на хартија има одлични шанси за убав резултат.

Ова е група во која Македонија добива убава можност за висок пласман со оглед на тоа што се работи за добро познато противници со кои може да се оди на победа.