Македонија ќе ги „тестира“ амбициите во Франција

Сениорската репрезентација на Македонија, ќе учествува на силниот подготвителен турнир кој ќе се одржи во Нант, Франција од 9-10 јануари. Тоа ќе биде одлична проверка на квалитетот и воиграноста на македонските ракометари пред Светското Првенство кое од 15 јануари ќе се одржи во Катар.
Како што потврдија од Ракометната федерација на Македонија турнирот ќе се одигра со елиминациски систем. Па така Македонија на 9 јануари ќе ги одмери силите со Франција, а Русија истиот ден ќе игра со Алжир. Победниците од овие два меча ќе играат во финалето кое е закажано за 10 јануари.