Македонија ќе биде домаќин на кадетскиот ЕХФ шампионат во 2020 година!

Ракометната федерација на Македонија ја продолжува традицијата да организира ракометни настани во младинските категории. Откако минатата година бевме домаќини на ЕХФ шампионатот за младинци, а оваа година ќе бидеме домаќини на кадетското СП, РФМ доби организација на уште еден настан.

Македонија повторно ја доби довербата на Европската ракометна федерација и ќе биде организатор на ЕХФ шампионатот за кадети во 2020 година. Покрај Македонија, ЕХФ шампионати ќе бидат организирани и во Бугарија во градот Бургас, како и во главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Младинските ЕХФ шампионати ќе се одржат во Рига, Латвија и во Бугојно, Босна и Херцеговина, а датумите на одржување ќе бидат дополнително одредени. Европското првенство во кадетска конкуренција ќе се одржи во Целје, Словенија, додека Австрија и Италија во Инсбрук и Бриксен, ќе го организираат ЕП во младинска конкуренција.