Македонија ја завери визата за Шпанија: Младите репрезентативки преку Холандија обезбедија настап на ново големо натпреварување!

Македонската ракометна репрезентација за жени до 19 години обезбеди пласман на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Шпанија. По победата над Исланд денес е совладана фаворизираната екипа на Холандија.
Холандија19-26 Македонија(8-12)
Почетното водство им припадна на младите холандски ракометарки, но расположената македонска селекција предводена од Керамичиева, со три гола во низа го превзема водството и контролата над играта. Средината на првото полувреме беше клучна за високото водство на македонските репрезентативки, со серија од 5-1 домаќинот на овој квалификациски циклус ја најави својата кандидатура за Шпанија. Во 22-та минута Тодоровска беше прецизна за првата предност од пет погодоци 5-10. Разликата македонските репрезентативки ја задржаа до 27-та минута, а на пауза замина со резултат 8-12.
FLP_3606
Второто полувреме ја потврди доминацијата на селекцијата на Симе Симовски. Во 34-та минута со погодок на најефикасната ракометарка на теренот, Теодора Керамичиева, македонските репрезентативки ги достигнаа првите седум погодоци предност 8-15.
FLP_3551
Четириесет и пет минути беа потребни за првата двоцифрена предност од 11-21. Кога веќе беше се познато во рутинирана завршница, македонските репрезентативки им допуштија на ракометарките на Холандија да се приближат на пет голови разлика, 18-23. Тоа беше се што направија Холанѓанките, до крај на натпреварот Македонија постигна уште три гола, додека Холандија постигна само еден за конечни 19-26.
FLP_3505

За репрезентацијата на Македонија, Керамичиева постигна 10, а Тодоровска ја следеше со шест. Кај Холандија најрасположена беше Ниувенвег со три прецизни удари од пет обиди.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ