Македонија ја дозна сатницата за натпреварите од СП во Катар

Македонскатата ракометна репрезентација ги дозна термините во кои ќе ги игра своите натпревари на СП во Катар. Само првиот натпревар против репрезентацијата на Тунис ќе го одиграме во 15:00 часот, а останатите четири натпревари ќе ги стартуваме од 17:00 часот.

Ова е комлетната сатница на натпреварите на Македонската репрезентација во Катар:

16 јануари 15:00 Македонија – Тунис
17 јануари 17:00 Македонија – Иран
19 јануари 17:00 Македонија – БиХ
21 јануари 17:00 Македонија – Хрватска
23 јануари 17:00 Македонија – Австрија

СП во Катар своето свечено отворање ќе го има на 15 јануари од 17:00 часот, а првиот натпревар помеѓу домаќинот Катар и Бразил ќе започне од 18:30.