Македонија ја декласира Србија во првата контрола пред ЕП

Младинската женска ракометна репрезентација ги совлада своите врснички од Србија со 32-19, во првиот од двата предвидени контролни натпревари пред заминувањето на младинското ЕП во Шпанија. Одличната одбрана искомбинирана со фантастичнната игра на Сара Ристовска (9 погодоци) и Симона Стојановска (8 погодоци) кои заедно искомбинираа 17 погодоци беа клучни за високата победа на Македонија.

Утре од 19 часот и 30 минути во малата сала на СЦ “Јане Сандански” нашите репрезентативки ќе го одиграат и вториот натпревар против Србија кој претставува и последна контрола пред заминувањето во Шпанија на 23 јули.