Македонија ЃП со нова победа скокна на 2. место

Составот на Македонија Ѓорче Петров се избори за три бода на гостувањето во Куманово после надигрување во сите 60 минути. Двете екипи добија по едно полувреме, а накрајот на бодови се радуваа ракометарите од Скопје кои со ова се искачија дуридо 2. место.

Победата од 25:21им донесе на ракометарите на Македонија Ѓорче Петров важни бодови со кои сега шансите за плеј-оф се многу зголемени.

Кумановци имаа подобар прв дел и постојано беа во предност. Сепак, откако после првите 30 минути завршија само со гол позитива во продолжение тимот на Македонија ЃП успеа да ги преземе работите под контрола и дојде до предност со која во финишот без проблеми си обезбеди три бода.

МРК КУМАНОВО – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ         21:25 (12:11)

Сала: Спортска во Куманово. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

МРК КУМАНОВО: Димитријевски, Клековски 5, Даневски 1, Ацевски, Дав. Цветковски 3, Дам. Цветковски, Д. Димковски 4, Стојмановски 2, Х. Димковски 6, Мицевски, Георгиевски, Николовски, Кузмановски, Цветковски, Михајловски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Неделковски, Трпевски, Огњановски, Вељановски 1, Стефаноски 1, Ѓорѓевски 3, Палковски 2, Николовски 6, Ристов, Тркаловски, Велковски 3, Марковски, Митовски, Димовски 8, Панов, Добревски 1.