Македонија ЃП го доби дуелот за избегнување на дното во плеј-оф од Првата лига

Во 13. коло од плеј-офот во Првата лига се сретнаа екипите на Македонија ЃП и Преспа во дуел за избегнување на дното на табелата. Поуспешен беше домашниот состав со 34:31.

Натпреварот започна израмнето, потоа Македонија ЃП направи два пати серија од 3:0 за добро водство од 10:5 пред продолжението. На ова одговори Преспа соодветно, повторно фати приклучок и стигна на минус еден. До крај на полувремето сепак домашните обезбедија солидна предност 18:14 во пресрет на вториот дел.

Во поголемиот дел од вторите 30 минути Македонија ЃП успешно ја одржуваше предноста, само во финишот на натпреварот Преспа намали на гол негатива 30:29. Домашните ја зацврстија одбраната во последните минути и не дозволија пресврт.

Најефикасен во ставот на Македонија ЃП беше Мартин Велковски кој девет пати стрелаше прецизно. Најмногу голови, вкупно 12 на натпреварот постигна играчот на Преспа, Филип Шиклевски но не беше доволно да позитивен резултат на гостувањето.