Македонија со Шведска, Словенија и Чешка на почетокот на ЕП за жени до 17 години

Денес во Скопје беа одредени групите на репрезентации кои ќе настапат на Европското Првенство за жени до 17 години. Домаќин на Европското првенство ќе биде Скопје односно спортскиот центар „Борис Трајковски“ и спортскиот центар „Јане Сандански“. Македонија како домаќин имаше привилегија да одбере група, а изборот на македонскиот стручен штаб го соопшти Гордана Нацева. Македонија на почетокот на првенството во рамките на група А ќе се соочи со Чешка, Словенија и фаворитот во групата Шведска.
Европското првенство за ракометарки до 17 години ќе се оддржи од 13 до 23 Август во Македонија.
Останатите групи ги сочинуваат следните репрезентации:

Група Б

Русија

Романија

Германија

Шпанија

Група Ц

Португалија

Хрватска

Франција

Холандија

Група Д

Данска

Норвешка

Унгарија

Словачка

zdrpka2