Македонија со трета победа во квалификациите: Победа над Црна Гора за самодоверба пред европскиот предизвик!

По последниот натпревар одигран денеска, Македонија сосема успешно ги помина квалификациите, и после двете издвојувани победи во петокот против Исланд и вчера против Холандија денеска се сретнаа со репрезентацијата на Црна Гора каде што уште еднаш ја потврдија својата доминиција со триумфот од 18-17.После првичното испитување на силите, нашата репрезентација со одличната борбена, гранитна одбрана со извлекување на прецизни контри и полуконтри поведе со 6-3, но со неколку брзоплети акции во напад со играч повеќе резултатот на полувреме беше само еден погодок во корист на Македонија 9-8.FLP_4080-2
Во вториот дел, дојде до израз препознатливата 6-0 одбрана што ја негува црногорската женска ракометна селекција Нашите репрезентација во овие моменти не успеа да парира на противникот кој дополнително имаше расположен голман па така резултатот се сврте на 10-14 во корист на гостинската репрезентација.
FLP_4100-2
Тогаш на сцена стапи младата Ладева, која во текот на сите натпревари брилираше на нашиот гол со двоцифрен број одбрани низ натпреварите.
Нејзините одбрани внесоа мир во играта на нашата репрезентација со што трпеливо се градеа нападите и постепено се топеше негативата за конечни 18-17 во корист на нашата репрезентација.

FLP_4107-2

Најефикасна во нашата репезентација беше Сара Ристовска со шест погодоци, додека Керамичиева успешно стрелаше пет пати кон противничкиот гол.
FLP_4061-2
Со оваа победа Македонија заврши на првата позиција и зад себе ги остави репрезентациите на Црна Гора, Холандија и Исланд и како првопласирана обезбеди учество на Европското првенство што ќе се одржи во Шпанија.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ