Македонија против Данска игра со скратен ростер!

Машката кадетска репрезентација на Македонија во натпреварот од четвртото коло против Данска на СП што се игра во Скопје во ростерот има 15 ракометари наместо предвидените 16.

Селекторот Данило Брестовац направи една измена во ростерот во споредба со претходните натпревари, и на местото на средниот бек Бобан Каковски, влезе средниот бек што игра и како лево крило Глигор Гајиќ.

Сепак, на средбата со Данска, Македонија имаше само 15 ракометари во ростерот. Покрај Каковски, во последен момент отпадна и левото крило Марко Божиновски.