Македонија со победа ќе го потврди баражот за СП

Со вчерашната победа против селекцијата на Исланд, Македонија заврши голем дел од работата во квалификациите за бараж за Светското првенство во 2019 година. Денеска треба сето она што се работеше вчера и завчера да биде сработено на уште повисоко ниво и да се добие визата за разигрувањето за Мундијалот.

Македонија покажа дека има квалитетна генерација на ракометарки и дека овие девојки треба да добијат уште поголема доверба со оглед на тоа што ја заслужуваат. Одличната партија против Исланд само потврди дека се на вистинскиот пат и дека против Турција вечерва ќе мора само да се доработи во ист стил.

Инаку, постои можност за круг на селекции со по четири бода, но таква математика никој не сака сега да зема предвид бидејќи според игрите очекувањата се и вечерва да биде забележана победа.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2019

ГРУПА 4

РАСПОРЕД ЗА НАТПРЕВАРИТЕ

1.КОЛО

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН   41:22

Ристовска11, Саздовска 5, Јовановска 4 – Танкаскаја 6, М. Абасова 3, Гасимова 3

ТУРЦИЈА – ИСЛАНД      23:36

Сахин 5, Туркоглу 4, Кичироглу 3 – Палсдотир 8, Стефеансдотир 7, Сурлудотир 6

2.КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД          29:21

Ристовска 9, Саздовска 7, Штериова 4 – Палсдотир 5, Стефансдотир 5, Давидсдотир 2

АЗЕРБЕЈЏАН – ТУРЦИЈА              26:32

Гасимова 6, Танкаскаја 6, Абасова 3 – Боздоган 5, Карачан 4, Кичироглу 4

3.КОЛО (02.12.2018)

18:00ч

ИСЛАНД – АЗЕРБЕЈЏАН

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Македонија 4 бода (70:43); 2. Исланд 2 (57:52); 3. Турција 2 (55:62); 4. Азербејџан 0 (48:73).