Македонија против Алжир и Алжирците (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва со почеток во 21:45 часот младинската машка репрезентација на Македонија ќе го одигра осминафиналниот дуел против домаќинот на Мундијалот Алжир. Избраниците на Илија Темелковски во походот кон најдобриот резултат на младинските мундијали во историјата на македонскиот ракомет, нема да ги имаат само врсниците од репрезентацијата на Алжир.

Против себе ќе ги имаат и фанатичните домашни навивачи, кои нетипично за шампионати во младинските категории, ги има во голем број на натпреварите на Алжир. Повеќе од 8.000 грла ќе бидат поддршка за Алжирците, но на Талески, Кузмановски, Нелоски и останатите, останува да покажат дека можат да играат и на жешки терени.