Македонија преку Литванија ги запиша првите бодови на Европското младинско првенство

Македонската женска младинска репрезентација со победа го започна Европското младинско првенство. Во Валенсија, македонската селекција предводена од Симе Симовски во премиерниот натпревар ја совлада репрезентацијата на Литванија за првите бодови во групата Б.

МАКЕДОНИЈА-ЛИТВАНИЈА 31-27(15-13)

Нашата репрезентација помалку импресионирано го започна овој прв натпревар на Европското првенство, и освен почетното водство преку Митова 1-0, им дозволи на Литванките во поголемиот дел од првото полувреме да ја диктираат играта и да имаат водство помеѓу еден и два голови позитива. Керамичиева неколкупати успеа да го израмни резултатот, но најдобриот период нашата репрезентација го имаше помеѓу 21. и 26. минута кога при водство на Литванките од 10-11, Македонија успеа да одговори со серија од 4-0 поведувајки со +3, 14-11. До крајот на првиот дел успеавме да го задржиме водството и на полувреме заминавме со 15-13.

persisted.80dd3422-f37e-e7ea-0c89-e7ac0e5b2567._ABS1482

Одличниот старт на второто полувреме им овозможи на македонските јуниорки предност од седум голови во 40-та минута, која беше доволна за првата победа на Европското првенство. Концентрацијата на младите ракометарки попушти во последните петнаесет минути, но Литванките успеаа само делумно да го намалат резултатот, за конечни 31-27.

Во последните пет минути Македонија влезе со предност од три голови, а интересната завршница имаше среќен крај за „црвено-жолтите“. Најпрецизна во редовите на Македонија беше Сара Ристовска со 8, додека Наташа Нолевска постигна 7 голови и беше прогласена за ракометарка на натпреварот. Одлично издание вечерва имаше Нина Ладева која блесна кога се кршеше резултатот, а Серафимова го одбележа финишот на овој натпревар.

Нареден противник на Македонија е репрезентацијата на Германија, натпреварот е закажан за утре , 24-ти јули со почеток од 21:00.

Група Б
Репрезентација T W D L GF GC PTS DIFF.
1 Русија 1 1 0 0 26 18 2 8
2 Македонија 1 1 0 0 31 27 2 4
3 Литванија 1 0 0 1 27 31 0 -4
4 Германија 1 0 0 1 18 26 0 -8