Македонија почнува со финалната мисија – Тргнува по првото место во квалификациите

Селекторот Данило Брестовац денеска ќе ги собере ракометарите кои се на списокот на сениорската репрезентација за последните два меча од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија.

На списокот на Брестовац се 22 ракометари кои влегоа во потесна конкуренција и од нив ќе се бараат најдобрите 16 за дуелите против Турција и Грција.

За денешниот собир најавено е оправдано доцнење на капитенот Лазаров кој завчера одигра натпревар со Нант од последното коло во првенството на Франција, додека Талески утре ја завршува сезоната во Бундес лигата. Другите 20 играчи кои што се на списокот треба да се појават.

Собирот е денеска од 13 часот, а на списокот на играчи на кои ќе смета Брестовац имаше место за:

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Бенфика, Португалија), Никола Митревски (Констанца, Романија), Мартин Томовски (Металург)

ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски (Металург), Димитар Димитриоски (Металург).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Рајн Некар, Германија), Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Мартин Манасков (Пролет)

СРЕДНИ БЕКОВИ: Марио Танкоски (Металург), Горан Крстевски (Еурофам Работник).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант, Франција), Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов (Металург).

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт, Романија), Ненад Костески (Струга),

ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Жарко Пешевски (Мотор Запорожје, Украина), Филип Арсеновски (Металург).

ДЕФАНЗИВЦИ: Велко Маркоски (Констанца, Романија), Милорад Кукоски (Еурофарм Работник).

Веќе се знае комплетниот распоред до крајот на квалификациите. Македонија прво в среда гостува во Турција. Мечот е од 18 часот. Во истиот термин се игра и средбата в недела во Струмица против селекцијата на Грција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

ГРУПА 3

5. КОЛО

СРЕДА, 12 ЈУНИ

18:00ч

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА

19:00ч

ГРЦИЈА – ИСЛАНД

6. КОЛО

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

ИСЛАНД – ТУРЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Македонија 5 бода (115:112); 2. Исланд 5 (125:112); 3. Турција 4 (101:109); 4. Грција 2 (94:113).