Македонија подготвена за Украина (ФОТО)

Вечерва во „Вип Арената“ во ист термин како и оној за одигрување на утрешниот дуел против Украина, македонската сениорска репрезентација го одработи последниот тренинг пред првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска.

Селекторот Червар заедно со комплетната репрезентација го одработија вториот тренинг пред утрешниот дуел против селекцијата на Украина. Манасков и Јоновски го комплетираа мозаикот на хрватскиот стратег, а на стручниот штаб му преостанува уште одлуката околу шеснаесетте ракометари кои утре од 18:30 ќе истрчаат на паркетот во „Борис Трајковски“.

Ракометарите ветуваат беспоштедна борба, а стручниот штаб сериозен пристап кон незгодниот противник…

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”90″]