Македонија подготвена за победа по пауза од 1618 дена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската репрезентација на Македонија изминатите десетина дена се подготвуваше за настап на квалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП во Франција, кој претстојниот викенд ќе се одржи на Фарски Острови. Избраничките на Симе Симовски го одржаа последниот тренинг и утре патуваат за Торшавн, преку Истанбул и Копенхаген.

Противници на Македонија се домашната селекција, Австрија и Исланд, а двете првопласирани репрезентации одат во баражот за СП. Прв натпревар ќе се игра веќе в петок против Фарски Острови со почеток во 21 часот.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”random” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”100″]