Македонија нема судии на Мундијалот, но ќе има делегат

На Светското првенство за кадети кое почнува на 6 август, Македонија како домаќин ќе се обиде да дојде до добар резултат и да си обезбеди пласман барем меѓу најдобрите осум репрезентации.

Македонија на ова првенство покрај ракометарите ќе има свој претставник и меѓу официјалните лица. Јасно е дека нема да имаме свои судии на шампионатот, но затоа ќе има претставник меѓу делегатите.

Се работи за првиот човек на судиите во ЕХФ, Драган Начевски, кој ќе биде меѓу делегатите на овој Мундијал така што ќе има одговорна задача и на овој шампионат.