Македонија на пат за Словенија

Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе замине за Словенија каде ќе одигра два контролни натпревари со домашната селекција како дел од подготовките за Европското првенство 2016. Ивица Обрван одбра 21-ракометар за овие средби, затоа во Скопје ќе останат голманот Даскаловски и младиот бек Мартин Велковски.

По пристигнување  во Кршко, македонската селекција од 18:00 во понеделник ќе го одигра првиот контролен натпревар со избраниците на Веселин Вујовиќ, додека наредниот ден од 18:30 во Целје ќе го одиграат и вториот пријателски дуел. Овој дел од подготовките селекторот Обрван ќе го искористи да ја донесе конечната одлука околу 16-те патници за Краков.

Европското првенство започнува на 15 јануари, а до тогаш Македонија, на 10 и 11 јануари, ќе одигра уште две контролни средби во Скопје против селекцијата на Црна Гора.