Македонија на мегдан против Исланд

Женската репрезентација на Македонија денес со почеток од 20:30 часот силите ќе ги одмери со Исланд.
По неочекуваните порази од Италија избраничките на Благојче Весиќ во Скопје треба да се вратат со победа. Реванш натпреварот со репрезентацијата на Исланд се игра на 06.12.2014  (сабота) со почеток од 17:45 часот во СРЦ Кале. Младата генерација на Македонија сеуште има теоретски шанси за пласман во бараж натпреварот доколку биде подобра на двата дуели против Исланд со вкупна победа над 12 разлика.