Македонија мора да се испоти за четвртфинале, домаќините со гол предност на полувреме

Младинската машка репрезентација на Македонија во овие моменти се бори за пласман во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир. Пред повеќе од 8.000 гледачи, кои му даваат поддршка на домаќинот, Македонија на полувреме губи со 11:10.

Во поголемиот дел од натпреварот се играше гол за гол, со тоа што Македонија во 12 минута за првпат имаше предност од 2 гола, 3:5, додека Алжир имаше иста таква предност во 22 минута, 8:6. Сепак се чини дека докрај ќе гледаме максимално неизвесен и тежок натпревар, кој ќе одлучи една топка, една одбрана, еден напад. Листата на стрелците ја предводат Талески со 3, Кузмановски и Велковски имаат по 2. Натпреварот може да го следите на следниот линк…

https://www.youtube.com/watch?v=val2dFcLvk0