Македонија има место во новата Лига на шампиони, потребен е одново силен женски клуб

Промените во европските купови во женска конкуренција носат и нови можности за следната сезона, а во новата Лига на шампиони кај дамите Македонија ќе има загарантирано место. Шампионот ќе може да се најде рамо до рамо со најдобрите бидејќи според рејтингот Македонија има загарантирана позиција и ќе може да игра.

Пласманот на 8. позиција дава шанса за шампионот да игра во Лигата на шампионите, а дури три екипи ќе имаат место во Европската ракометна лига. Ова значи дека ќе има ист број на екипи во истите купови како и кај мажите.

Затоа на Македонија одново и треба силен клуб кој ќе може да парира на другите состави и на тој начин да биде задржан високиот рејтинг. Македонија е во друштво со Романија, Данска, Франција, Норвешка, Германија и Црна Гора. На првите две места се Унгарија и Русија кои добиваат четири претставници во Европската ракометна лига.

Без место во Лигата на шампионите останаа Шведска, Словенија, Хрватска…