Македонија знае како против Словенците (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Словенија е добро познат противник на “црвено-жолтите”. Се уште се свежи сеќавањата од ЕП во Белград кога во натпреварот за петтото место токму против оваа репрезентација ги обезбедивме квалификациите за ОИ и одличното петто место. Словенците ќе бидат посебно мотивирани за реванш бидејќи нашата репрезентација им го прекина сонот за пласман на ОИ во Лондон. Но оваа македонска генерација е во својот зенит, и се надеваме дека круна на нивните настапи на големите ракометни собири ќе биде пласманот на ОИ во Рио.

Натреварот помеѓу Македонија и Словенија започнува од 16:30 часот со директен пренос на МРТ 1.