Македонија е најдобра на Балканот!

Младинската машка репрезентација на Македонија со победата над Алжир со 24:20 се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот, со што го направи најголемиот успех во овие категории, кога се работи за светски шампионати.

Нашата земја е единствена од поранешната република во четвртфиналето и ќе остане да ја брани честа на Балканот во Алжир, бидејќи Хрватска и Словенија беа непријатно изненадени од Русија, односно Унгарија и ги завршија настапите.

Четвртфиналниот натпревар против Франција се игра вечерва со почеток во 19:30 часот.