Македонија добива нови „мастер“ тренери

Поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски денес се стекна со лиценцата за „мастер“ тренер, највисокото тренерско признание на ЕХФ. Покрај Шундовски, втор македонски експерт кој треба да ја одбрани својата тема на семинарот во Крагуевац е Андон Бошковски. Ова е трет и завршен модул на ЕХФ семинарот за мастер тренери, од каде Македонија ќе добие нови врвни тренери под лиценцата на ЕХФ, први со дипломата за мастер тренер се стекнаа поранешните македонски репрезентативци Стевче Алушовски и Данило Брестовац.

Шундовски и Бошоковски соработуваа заедно во македонскиот национален тим, а интересно е што и двајцата македонски стратези предводат романски екипи, Шундовски е на клупата на ЦСМ Букурешт, додека Бошковски од оваа сезона ќе ја предводи женската екипа ЦСМ Роман.