Македонија далеку од мислите на Мануел Штрлек

Репрезентацијата на Хрватска пристигна во Доха, амбициите јасни, а желбите единствени- да се пружи одлична партија против незгодната Австрија. Сите хрватски ѕвезди имаат желба да ја завршат групата на првото место, единствено стравуваат од првиот натпревар против, според нив, најсериозниот конкурент Австрија. Крилниот играч на полски Киелце, Мануел Штрлек за порталот „тпортал.хр“ истакнува:

Групата е потценета, а ќе има доволно тешки натпревари. Мораме да вложиме полно труд и работа за да го освоиме тоа прво место.
Сите репрезентации се незгодни. Колку што можев да прочитам добро се подготвиле и сите ја гледаат својата шанса. Тунис дури најавува и поход кон медал, сите важни ракометари им се вратија во репрезентација и навистина можат да бидат многу опасни.