Македонија го мерка првото место за мирен јуни

Денешната програма во квалификациите за Европското првенство е многу подолга во однос на вчера коа имаше само три натпревари, а еден од главните дуели секако е и натпреварот меѓу Македонија и Исланд.

После победата на првиот меч одигран во средата во Рејкјавик денеска сите погледи се насочени кон нов триумф. Јасно е дека ќе биде навистина интересно и дека нијанси ќе пресудуваат и во Скопје, но овој пат Македонија е видена во мала предност поради играњето пред своја публика.

Пред полни трибини секогаш е да се игра полесно, а Исланд ќе биде на поголема мака. Воедно и притисокот ќе биде голем бидејќи ќе се сака надоместување за загубеното од првиот меч, а дали тоа ќе биде шансата за Македонија ќе се види на теренот.

Едно е јасно, а тоа е дека денеска Македонија ќе се обиде со нов триумф да го потврди првото место во групата, а јасно е дека потоа ќе биде потребна само една победа против селекциите на Турција и Грција за да се финишира на лидерската позиција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА 1

ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА                                29:24

Генсхајмер 10, Вајнхолд 4, Бем 3 – Дачек 6, Морито 4, Пржибилски 4

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

19:00ч

ИЗРАЕЛ – КОСОВО

ТАБЕЛА: 1. Германија 8 бода (122:77); 2. Полска 2 (103:93); 3. Израел 2 (70:88); 4. Косово 2 (54:91).

ГРУПА 2

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

14:00ч

ШВАЈЦАРИЈА – БЕЛГИЈА

20:30ч

ХРВАТСКА – СРБИЈА

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 5 бода (86:78); 2. Швајцарија 2 (85:80); 3. Србија 2 (76:81); 4. Белгија 1 (77:85).

ГРУПА 3

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

16:00ч

ТУРЦИЈА – ГРЦИЈА

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД

ТАБЕЛА: 1. Македонија 4 бода (91:88); 2. Исланд 5 (101:77); 3. Турција 2 (75:86); 4. Грција 2 (71:87).

ГРУПА 4

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

14:10ч

ЛЕТОНИЈА – ЕСТОНИЈА

17:00ч

СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА

ТАБЕЛА: 1. Словенија 6 бода (85:67); 2. Летонија 4 (74:70); 3. Холандија 2 (86:81); 4. Естонија 0 (63:90).

ГРУПА 5

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

16:00ч

БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА

17:00ч

БИХ – ФИНСКА

ТАБЕЛА: 1. Чешка 4 бода (86:78); 2. Белорусија 4 (87:80); 3. БиХ 4 (80:80); 4. Финска 0 (47:58).

ГРУПА 6

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

15:30ч

ЛИТВАНИЈА – РОМАНИЈА

17:30ч

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

ТАБЕЛА: 1. Португалија 6 бода (78:63); 2. Франција 4 (100:81); 3. Романија 2 (62:75); 4. Литванија 0 (73:94).

ГРУПА 7

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

16:00ч

УНГАРИЈА – РУСИЈА

17:00ч

СЛОВАЧКА – ИТАЛИЈА

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 6 бода (85:63); 2. Русија 4 (75:66); 3. Италија 2 (68:87); 4. Словачка 0 (66:78).

ГРУПА 8

ФАРСКИ ОСТРОВИ – УКРАИНА               26:27

Јохансен 7, Берг Хансен 3, Хојдал Хилдарсон 3 – Остроушко 9, Гурковски 4, Кубатко 4

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА 37:26

Сван 8, Захаријасен 8, Хансен 6 – Липовина 6, Вујовиќ 6, Чавор 4

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (96:73); 2. Украина 4 (83:73); 3. Црна Гора 3 (80:84); 4. Фарски острови 1 (60:89).