Македонија го заврши Европското првенство како петнаесета

Македонската младинска репрезентација денес во Валенсија го одигра својот последен меч на Европското младинско ракометно првенство за жени. Во натпревар за избегнување на последното место Македонија повторно ја совлада репрезентацијата на Литванија со 27-29. Со последната победа, младинските репрезентативки го завршија натпреварувањето на петнаесетата позиција.

ЛИТВАНИЈА 27-29 МАКЕДОНИЈА (17-13)

Првото полувреме и припадна на репрезентацијата на Литванија која по првите триесет минути имаше предност од четири голови разлика. Почетните минути од вториот дел поминаа во исто темпо, Литванија ја одржуваше разликата од четири погодоци разлика до 37-та минута. Со серија од седум погодоци во низа, Македонија во 44-та минута создаде предност од три голови која ја одржуваше до крај на натпреварот.
persisted.26168ff8-5dca-5f5d-e627-8fec326f784d.cmp lm 14
Ангела Тодоровска, Наташа Нолевска и Теодора Керамичиева постигнаа по шест погодоци за Македонија на овој натпревар. За најкорисна ракометарка во македонската репрезентација повторно беше прогласена Нина Ладева.