Македонија ги избра противниците за Европскиот младински шампионат 2018 година

По примерот на каедтските европски шампионати, ЕХФ од наредната година започнува со истиот формат и во младинската категорија. Репрезентациите кои со својот рејтинг не припаѓаат во топ 16 европски екипи, наместо на Европското првенство ќе се натпреваруваат во еден од двата Европски шампионати. Македонија заедно со Црна Гора ќе бидат домаќини на овие натпреварувања во младинска категорија, па токму затоа имаа повластена положба во изборот на групата во која сакаат да се натпреваруваат.

Македонската делегација ја одбра групата Б во која се Швајцарија, Италија, Украина и Белика Британија. 

Во вториот Европски шампионат кој ќе се одржи во Црна Гора, покрај домаќините својата шанса ќе ја чекаат Чешка, Австрија, Холандија и Словачка.