Македонија ги дозна термините за своите натпревари од ЕП Полска 2016

Хрватска и Белорусија ќе играат на отворањето на Европското првенство во ракомет Полска 2016. Македонските навивачи ги дознаа термините во кои ќе игра машката сениорска ракометна репрезентација во Полска.
Во Краков, Македонија ќе ја отвори групата, првиот натпревар против актуелниот европски шампион Франција ќе го игра од 18 часот. Натпреварот со домаќинот Полска, ќе се одигра во вечерниот термин од 20:30, додека последниот натпревар ќе го игра во 18:15 часот, а противникот Србија, ќе биде последната репрезентација на ракометарите на Обрван во групната фаза.
Дуелите од група А ќе се одиграат од 15 јануари секој втор ден.
Група А
Македонија – Франција 15 јануари 18:00
Македонија – Полска 17 јануари 20:30
Македонија – Србија 19 јануари 18:15