Македонија ги дозна противниците за СП2017

Македонската ракометна репрезентација денес ги дозна противниците за ракометниот мундијал кој од 11 до 29 јануари ќе се одржи во седум градови во Франција. На ждрепката одржана во Париз, ИХФ го креираше изгледот на Светското првенство 2017. Македонија ќе игра во група Б заедно со репрезентациите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис, Ангола. Четирите групи ќе настапуваат во Нант, Париз, Руен и Мец.

Ова ќе биде петто учество на машкиот национален тим на едно светско првенство. Овојпат Франција 2017 ќе има ново значење за македонскиот ракомет бидејќи ќе покаже дали и колку составот на Червар може без неколку клучни играчи кои настапуваа изминатива деценија. Во зависност од успехот по првиот круг Македонија своето натпреварување ќе го продолжи во Монпелје, Абервил, Брест или Париз.

Според ждрепката изгледот на групите од Светското првенство ќе изгледаат вака:

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија

Група Д: Катар,Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина