Македонија ги дознава своите противници на ЕП во Полска!

Утре (19.06.2015, петок) со почеток во 14 часот и 30 минути во Краков ќе биде одржана ждрепката за фазата по групи на ЕП во ракомет во машка конкуренција, кое следната година ќе се одржи во Полска.Нашата репрезентација со победата над Чешка во Скопје се избори за своето четврто Европско првенство, а противниците во Полска ќе ги очекува од третиот шешир во друштво на Германија, Русија и Белорусија.

ЖДРЕПКА за ЕП во Полска 2016


ПРВ ШЕШИР: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска

ВТОР ШЕШИР: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија

ТРЕТ ШЕШИР: МАКЕДОНИЈА, Русија, Германија, Белорусија

ЧЕТВРТ ШЕШИР: Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора

Алфа ТВ ќе врши директен пренос од ждрепката.