Македа со пофалби за тимската игра: Покажавме дека одбраната е нашето најсилно оружје (ВИДЕО)

Десниот бек на Вардар, Хорхе Македа после дуелот против Барселона и победата од 27:24 беше задоволен од прикажаното и вели дека играта во одбраната била клучна за победата.

„Одбраната беше на високо ниво на дуелот против Барселона. Задоволен сум од тоа како го одигравме овој меч, но и од тоа што успеавме уште еднаш да покажеме дека одбраната е нашето најсилно оружје“, изјави Македа, а целата изјава ќе можете да ја проследите во видеото кое следува.