Макарена Агилар во Ростов Дон

Ракометарката на Ѓер, Макарена Агилар во следната сезона ќе го носи дресот на рускиот суперлигаш, Ростов Дон. Доколку Ростов Дон биде шампион на Русија тогаш ќе обезбеди директно место во Лигата на шампионките. Клубот подготвува амбициозен тим, а како што е веќе познато во наредната сезона на голот на Ростов Дон ќе биде норвежанката, Катрин Лунде. Во наредниот период  ќе се знаат сите нови засилувања во Ростов Дон. Со репрезентацијата на Шпанија, Агилар го освои бронзениот медал на ОИ во Лондон како и на СП во Бразил во 2011 година кога шпанската репрезентација стигна до бронзата. На ЕП во 2008 и во 2014 со нејзината репрезентација стигна до сребрениот медал.
Макарена Агилар е една од најзаслужните за големите резултати на Шпанија. Агилар настапуваше и за Сагунто, Ичако и Рандерс.

Фото: www.ehfcl.com